Четврт јавен повик за финансирање под инструментот Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 450.000 (четиристотини и педесет илјади) евра, односно 27.762.345 (дваесет  и  седум милиони, седумстотини шеесет и две илјади, триста четириесет и пет) денари.

Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. Средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на Апликантот.

Краен рок
Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк  http://mis.fitr.mk Достава заклучно со 03.05.2017 година, до 00.00 часот.
Подобност
Повикот е отворен за микро, мали и средни претпријатија (не постари од 6 години) –„старт-ап“ и „спин-оф“ претпријатија, во доминантна сопственост на македонски државјани (50,1% или повеќе), кои имаат иновативна идеја со солидно очекување за комерцијализација.
Постапка при оценување и селекција
Оцената на проектите се состои од неколку чекори:
  • административна
  • проверка на предлог проектите (дали предлог проектот е комплетен и во согласност со условите наведени во јавниот повик);
  • фаза на претселекција;
  • фаза на селекција;
  • опционално: презентација на проектите (pitching) одлука за финансирање.
Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот на оценување и селекција, водејќи се според следните основни критериуми:
  1. Степен на иновативност
  2. Квалитет на проектот
  3. Капацитет на проектниот тим
  4. Пазарен потенцијал
  5. ВлијаниеТабела за оценување
Начин на пријавување
  1. Предлог проектите се поднесуваат по електронски пат, преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk. Насоки за електронско поднесување на предлог проект се дадени во Упатството за аплицирање кое e достапно на следниот линк: http://mis.fitr.mk/ApplicantsManual_MK.pdf . За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе само еден предлог проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:
    1. Проектна документација:
    • уредно пополнет образец за Проектна апликација – Прилог 1 (потпишана и печатирана од  овластен претставник);
    • уредно пополнет образец за Буџет на проектот – Прилог 2 (потпишан и печатиран од  овластен претставник);
    • уредно пополнет образец за Финансиска проекција – Прилог 3;
    • Изјава на подносителот на предлог-проектот за кофинансирање (за прифаќање на условите на Фондот) – Прилог 4 (потпишана и печатирана од овластен претставник);
    • уредно пополнет  Прашалник  за  животна  средина – Прилог 5 (потпишан  и  печатиран  од  овластен претставник)
    1. Документација поврзана со апликантот:
    • кратки биографии на главните лица ангажирани во проектот (најмногу за пет лица)
    • извод од тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, не постар од 6 (шест) месеци кој се доставува во оригинал или копија заверена од страна на апликантот
    • печатирани финансиски извештаи (заклучни листови) за претходната и за тековната година, освен за новоосновано претпријатие кое е регистрирано во истата година кога е поднесен предлог проектот.
    Во случај апликацијата да биде одобрена за финансирање, пред потпишување на Договорот за доделување средства со Фондот, апликантот е должен да ги достави и сите долу наведедени документи до Фондот
    • Договори со трети страни од значење за спроведувањето на проектот
    • Финансиски извештаи за претходната година издадени од Централниот регистар на Република Македонија, освен за новоосновано претпријатие кое е регистрирано во истата година кога е поднесен предлог проектот;
    • Изјава за акумулација на државна помош во последните три фискални години (доколку е применливо);
    • Потпишан и печатиран План за управување со животната средина (доколку е применливо);
    • Информации за отворена посебна сметка за проектот.
    Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба  да бидат  на  англиски  јазик. Документацијата  поврзана  со  апликантите треба да биде на македонски јазик. Проектната документација задолжително се доставува во обрасци изготвени од страна на Фондот. Образецот за Проектна апликација, образецот за Буџет на проектот и образецот за Финансиска проекција, треба да се пополнат директно во електронскиот систем на Фондот, да се испечатат и со потпис и печат да се прикачат на соодветното место/поле во електронскиот систем. Изјавата на подносителот на предлог-проектот за прифаќање на условите на Фондот и Прашалникот за животната средина треба да се пополнат во обрасците дадени во прилог на овој повик и со потпис и печат да се прикачат на соодветното место/поле во електронскиот систем. Пред пополнување на апликацијата, Ве молиме внимателно прочитајте го целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог проектите. Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат во електронска форма преку системот на Фондот на следниот линк http://mis.fitr.mk Достава заклучно со 03.05.2017 година, до 00.00 часот За   финансирање   ќе   бидат   земени   предвид   само   оние   предлог   проекти   доставени   на горенаведениот начин (во електронска верзија) и во дадениот рок. Фондот го задржува правото доколку е потребно да побара и друга документација од страна на апликантите.