ФИТР стана првиот субјект во Република Северна Македонија кој ќе почне постапка за акредитација од Зелениот климатски фонд

Особено сме горди што Фондот за иновации и технолошки развој врз основа на одлука од Владата станува првиот субјект во Република Северна Македонија кој ќе отпочне постапка за акредитација од Зелениот климатски фонд со цел пристап до средствата на ЗКФ.

Досегашното искуство во развивање на програмите за поддршка на приватниот сектор, портфолиото на поддржани проекти, воспоставените процедури и механизми за финансирање, беше основ за поднесување на апликација уште во 2020 година со цел ФИТР да биде првиот субјект кој ке го отпочне процесот за акредитација.

Како централна институција за поддршка на микро, мали и средни претпријатија, со воспоставени практики за креирање инструменти за поддршка, ФИТР е стратешки соодветен субјект за да стане ентитет со директен пристап до ЗКФ и да придонесе за реализација на климатските програмски приоритети во државата.

ЗКФ нуди грантови, заеми, гаранции и други финансиски инструменти за финансирање на проекти. Исто така обезбедува дополнителни грантови и техничка помош за подготовка на предлог-проекти за финансирање, како и подготвеност на државата и подготовки за ангажман со Фондот, вклучително поддршка за акредитација на номинирани национални субјекти со директен пристап.

Дознајте повеќе на http://www.greendevelopment.mk/mk/Default.aspx