ФИТР го поддржа NASA Space Apps Challenge 2022

Успешно заврши 48-часовниот хакатон NASA Space Apps Challenge 2022 во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдиколс, на кој тимови од млади креативци, од средните стручни училишта и универзитети од целата држава, работеа на еден од 22 предизвиците зададени од експерти и научници на NASA.

ДФИТР Фестим Халили ја имаше честа да биде дел од стручната жири комисија, пред која 5 тимови финалисти ги презентираа своите иновативни проекти, вештини и знаење во програмирање, инженерство, природни науки, математика, 3Д моделирање, визуализација на податоци, претприемништво.

Честитки за двата победнички тимови AERTH и YCCC-SPACE EAGLES кои освоија патување и посета на NASA Kennedy Space центарот во Флорида, САД задно со нивниот ментор и да гледаат полетување на ракета но и да остварат средби директно со експерти од NASA во областа на предизвикот на кој работеле.

ДФИТР Халили им честиташе на победничките тимови кои со своето знаење и вештини покажаа дека нашата држава има амбициозни и вредни млади луѓе кои се спремни да го освојат светот.