Тимот на ФИТР учествуваше во дискусијата "Пристап до мерките за вработување и намалување на младинската невработеност"

“Пристап до мерките за вработување и намалување на младинската невработеност” беше темата на дискусија која се одржа во организација на ‘’Програмата за парламентарна поддршка’’ финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во рамки на дискусијата претставници на институциите и државните агенции, како и граѓанските организации и младинските мрежи, дискутираа за постоечките мерки и програми за вработување на младите од Република Северна Македонија и нивно економско зајакнување.
#ФИТР како институција ги поддржува иновативноста и претприемништвото кај младите и нивниот потенцијал за трансформација на националната економија, за што имаме креирано и посебни програми токму за нив, истакна Катарина Кречева, раководител на Одделението за креирање на програми во ФИТР.