Се зајакнува успешната соработка на ФИТР и Светска банка

На средбата одржана помеѓу претставниците на Светска банка, како долгогодишен стратешки партнер на Фондот и ДФИТР Фестим Халили, беа дискутирани можностите за унапредување на програмите за поддршка на приватниот сектор, но и зајакнувањето на соработката помеѓу академијата и приватниот сектор, активностите на Фондот поврзани со Националната АИ стратегија, измените на Законот за иновациска дејност, како и начините за јакнење на капацитетите на ФИТР, со цел зголемување на квалитетот и дополнително унапредување на работата на Фондот.