„Предизвик за млади истражувачи 3“ : Ученици од училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ го создадоа проектот „Сончева инфузија“

Преку проектот „Сончева инфузија“ учениците од училиштето ОСТУ „Наце Буѓони“ станаа дел од „Предизвикот за млади истражувачи 3“  поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Тимот ученици од ова училиште докажа пренос на енергија во облик на сончева светлина и понатамошно нејзино искористување.

Учениците од ова стручно училиште стекнаа искуство со монтажа на осветлување и изведба на логички кола со помош на релиња, склопка и фото отпорник кои подоцна ја рефлектираат светлината .

Преку „Предизвикот за млади истражувачи“, ФИТР поддржува истражувачки проекти засновани на научен метод, вклучувајќи аспекти како тимска работа, инклузивност, социјална кохезија, етика во истражувањето, и социо-економска корист. 

Целта на предизвикот е да поттикине креативно и критичко размислување преку изнаоѓање одговор на претходно идентификувани прашања и проблеми, и да ја негува љубопитноста преку откривање нови хоризонти на начин што го предизвикува конвенционалното знаење.

Преку процесот на откривање, учениците, наставниците и менторите можат да ги идентификуваат своите способности, да ги унапредат сопствените вештини, и да соработуваат со цел постигнување заеднички цели.