Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Цели 

Инструментот има за цел да го поттикне нивото на иновативност преку обезбедување на неоходната финансиска поддршка за активности на истражувањ и развоја на старт-ап и спин-оф претпријатија. Дополнително се очекува со овој инструмент да се поттикне културата на преземање на ризик и иновација, и да се обезбеди поддршка за претпријатијата кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес или услуга.

Преку овој инструмент, Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансирање до 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 30.000,00 (триесет илјади) евра.Преостанатиот износ од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од апликантот.Средствата добиени од Фондот по било кој друг основ или било која друга форма на државна помош не се прифатливи како кофинансирање од страна на апликантот.

Критериум за подобност

Подобни за финансирање под овој инструмент се апликантите кои ги исполнуваат следните критериуми:

  • правно лице основано во согласност со Законот за трговски друштва и регистрирано во Централниот регистар на РСМ;
  • да не поминале повеќе од 6 (шест) години од денот на основање на апликантот до денот на аплицирање;
  • новоосновано, микро, мало или средно претпријатие (до 250 вработени);
  • да е со мнозинска македонска сопственост (50,1 % или повеќе);
  • да е во сопственост на физичко лице/а и/или микро, мало, или средно претпријатие (со мнозинска македонска сопственост со 50,1% или повеќе) и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност (со сопственички удел во апликантот до 20%);
  • годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра според финансиските извештаи за претходните две фискални години;
  • да не е капитално поврзано (согласно Законот за трговски друштва) со друго претпријатие каде што збирните годишни приходи на двете претпријатија надминуваат 1.000.000,00 (еден милион) евра во претходните две години, освен во случај на капитална поврзаност со високообразовна, односно научноистражувачка установа;
  • да нема акумулирано повеќе од 200.000,00 (двесте илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да нема акумулирано повеќе од 100.000,00 (сто илјади) евра помош од мало значење за период од три фискални години, вклучувајќи го и побараниот износ на средства од Фондот, ако е активен во секторот за патен сообраќај, согласно Законот за контрола на државна помош и Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (de minimis);
  • да не е претпријатие во потешкотии (претпријатие во потешкотии е претпријатие кое не е во можност да ги исполнува своите обврски од сопствените ресурси или со средства што може да ги добие од својот сопственик/акционерите или кредиторите, за да ги запре загубите, кои без надворешна интервенција од давателите на помош со сигурност ќе доведат до краткорочен и долгорочен престанок со работа на претпријатието); и
  • да не се занимава со производство на јаглен