ДФИТР Фестим Халили се обрати на Денови на кариера 2022 во организација на Универзитетот Мајка Тереза од Скопје

Одличен настан посветен на младите во организација на Универзитетот Мајка Тереза од Скопје, каде се одржа „Денови на кариера 2022″. За време на настанот, тимот на #ФИТР ги презентираше инструментите на Фондот наменети за младите, а ДФИТР Фестим Халили ги охрабри студентите да го искористат својот потенцијал и постојано да вложуваат во нивниот личен раст и развој.

ДФИТР Фестим Халили: Науката, истражувањето и иновациите имаат значајна улога во напредокот на сите сегменти на општеството, токму затоа Фондот за иновации ќе продолжи и во иднина да ја поттикнува соработката со академската заедница и индустријата, во насока на креирање подобри услови за развој на идните генерации.