ДФИТР Фестим Халили присуствуваше на одбележувањето на Националниот ден на Швајцарија

На покана на Швајцарската Амбасада во Република Северна Македонија, ДФИТР Фестим Халили присуствуваше на настан организиран по повод Националниот ден на Швајцарија.

Почнувајќи од 1996 година, Северна Македонија е приоритетна земја за швајцарската соработка со Југоисточна Европа. Денес, Швајцарија е ценет партнер на Северна Македонија и покрај програмите на ЕУ, ја поддржува земјата преку обезбедување значајни ресурси во областите каде што Швајцарија има единствена експертиза.

Швајцарската Амбасада е долгогодишен партнер на Фондот за иновации и технолошки развој, со чија соработка и поддршка развиваме програми насочени кон развој на иновациите и претприемништвото во земјата.