ДФИТР Фестим Халили присуствуваше на Aлбанските награди за водечки иновации - информатичка и комуникациска технологија

ДФИТР Фестим Халили викендов присуствуваше на десетата јубилејна Гала вечер на која се одбележа доделувањето на Aлбанските награди за водечки иновации – информатичка и комуникациска технологија за 2021-2022 година.

Настанот кој се одржа во Тирана има за цел на едно место да ги собере најдобрите идеи и умови од Албанија, Балканот и дијаспората и да ги слави нивните иновации, достигнувања во технологијата, претприемачкиот дух и развојот на стартап екосистемот.

Во своето обраќање #ДФИТР Халили ја изрази својата поддршка и ја поздрави идејата за Aлбанските награди за водечки иновации – информатичка и комуникациска технологија, кои оддаваат призание на оние кои се иновативни, храбри, сонуваат без задршка и влијаат на тоа како нашата иднина ќе изгледа.