ДФИТР Фестим Халили на средба со министерот за финансии Фатмир Бесими и Мисијата на Светска банка за иновации и конкурентност

ФИТР Фестим Халили на средба со министерот за финансии Фатмир Бесими и Мисијата на Светска банка за иновации и конкурентност предводена од Масимилијано Паолучи, постојан претставник на СБ во земјава.

Заеднички работиме на првиот хибриден инвестициски фонд за микро, мали и средни претпријатија за инвестиции за зелена и дигитална трансформација во ФИТР.

Инвестициите во иновации, нови производи, дигитална трансформација, проширување на нови пазари, модернизација на опремата, подобрување на продуктивноста и воведување еколошки стандарди во производството ќе придонесат за закрепнување на претпријатијата во пост-ковид периодот и придонес кон забрзан економски раст.