ДИФТР Фестим Халили се обрати на панел дискусијата "INNOVATION and FUTURE SKILLS ECOSYSTEM" во рамките на SKILLS4 FUTURE WEEK

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој се обрати на панел дискусијата “INNOVATION and FUTURE SKILLS ECOSYSTEM” во рамките на SKILLS4 FUTURE WEEK, во организација на Future Skills Centar. Во рамките на панелот, директорот Халили ја презентираше работата и планираните активности на Фондот за 2022 година.

“Фондот активно работи околу седум години и по бројни параметри, ова е институција која е меѓу водечките ротори на развојот на домашната економија и поддршката на мекедонскиот бизнис екосистем. Воведени се најразлични тематски предизвици со кои потесно се фокусиравме на области кои се недоволно поддржани, како социјалното претприемништво, дигитализација на земјоделството, коорпоративна иновативност.

Од важните исчекор би ги издвоил и двете решенија за дигитализација на јавниот сектор како и првата наша инвестиција во иновациска инфраструктура преку воведувањето на ФабЛабс лабараториите” истакна Халили.