Деветте Стартап Херои од предизвикот на ФИТР „Стартап Херои“ продолжуваат со успешна продажба во маркетите на TINEX

 

Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на предизвикот „Стартап Херои – Од супер идеја до супер маркет“ поддржа вкупно 9 компании кои на пазарот лансираа свои иновативни производи.

Деветте Стартап Херои веќе ги зафатија специјално брендираните полици во маркетите и успешно ја започнаа својата продажба.

Meѓу компаниите кои добија неповратни средства за лансирање на сопствени иновативни производи е и “SCOOP Artisan Gelato“ компанија која изработува иновативен и уникатен македонски сладолед.

Стартап Херојoт – компанијата “Plant Engineering Skopje“, за прв пат го пласираше својот иновативен производ Mикроимуномикс под брендот Mикроплант. Станува збор за мешавина од микрорастенија на сончоглед, ротквица, зелка, брокула, рукола, синап и амарант. Овој производ  кој е добиен со ин витро технологија, се користи како додаток во исхраната и содржи 4-40 пати поголема нутритивна вредност во споредба со свежиот зеленчук.

Следниот Стартап Херој компанијата „Фила Козметик“ прозведе висококвалитетен домашен производ од комплетно природни состојки, кој се продуцира како крема за раце со ксилитол и хидратантна крема за лице. Преку овој производ квалитетните производи кои досега ги користеа само здравствените работници, преку адаптација се достапни за употреба и во домашни услови.  

“PRO FIT“ cracker е Стартап Херојот кој е вистински извор на енергија. Протеинскиот крекер со намалени јаглехидрати претставува здрава исхрана, приготвена на здрав начин.

Стартап Херојот “ChiaDía“ е иновативен, безалкохолен, енергетски пијалок, на база на чиа семе, со нутритивни вредности и висока концентрација на есенцијални масла, минерали и витамини, создаден од природни состојки од домашно производство. Неговото лансирање има за цел сите граѓани да ги насочи кон здравиот начин на исхрана и живеење и повисок колективен имунитет.

Стартап Херојот “WICE“ сладолед го лансираше компанијата Матриошка и содржи дури 50% македонско вино со одличен квалитет.

Следниот Стартап Херој  „Безалкохолно крафт пиво“, направено од вода, житарки, хмељ и квасец на „Пиварата „Бакревски“ создаде уникатен пијалок кој не содржи засилувачи на вкус, алкохол, боја или екстракти и е направено од 100% природни состојки.

Стартап Херојот – Тартуф печурките и нивниот уникатен вкус имаат различна примена во различни производи благодарение на компанијата „ЕВАЛ ДОО“. Тие започна со производство на најразличен тип на производи што содржат тартуф од домашно поднебје.

Стартап Херојот производот Black IPA претставува хибрид од класична IPA (India Pale Ale) и темни стилови на пиво (Porter, Stout, Dark Ale), и е прозведен благодарение на поддршката на ФИТР за крафт пиварницата @Pivolabs Craft Brewery.

Проектот „Стартап Херои – Од супер идеја до супер маркет“ Фондот за иновации го реализира во соработка со корпоративниот партнер TINEX и поддршка од Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост IME.

Производите на нашите Стартап Херои се достапни во следните 10 локации на „Тинекс” маркети: Зебра, Годел, Првомајска, Лиса, East Gate Mall, Кончар, Мајчин Дом, Прашка, катна гаража „Јужен Булевар“ и Хром.