Втор повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструмент Ко-финансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“

За финансирање проекти под овој јавен повик обезбеден е вкупен износ од 300.000 (тристаилјади евра) евра, односно 18.506.910 (осумнаесет милиони петстотини и шест илјади деветстотини и десет) денари. Со инструментот се обезбедува финансирање на најмногу 85% од вкупниот буџет за проектот, со максимален износ од 30.000 (триесет илјади) евра. Преостанатиот износ од вкупниот буџет на проектот треба да биде обезбеден од страна на апликантот. За преостанатиот износ, како прифатливи средства нема да се сметаат средствата добиени од Фондот по друг основ или средствата од која било друга државна помош.

Средствата за инструментот ‒ кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ се обезбедени од страна на Буџетот на Република Македонија, од страна на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и од страна на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации на Министерството за образование и наука на Република Македонија, поддржан од Светската банка.

Краен рок
 

21.10.2015

Постапка при оценување и селекција
 
 

Финансирањето од страна на Фондот е врз база на предлог-проекти кои ги поднесуваат заинтересираните претпријатија. Оцената на проектите се состои од неколку фази:

 

Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од меѓународни експерти, има одлучувачка улога во процесот, водејќи се според следните основни критериуми за оценување:

 

  1. Степен на иновативност
  2. Квалитет на проектот
  3. Капацитет на проектниот тим
  4. Пазарен потенцијал
  5. Влијание
Начин на пријавување
 
  1. Ги повикуваме сите заинтересирани да поднесат уредно пополнети предлог-проекти во пропишаните обрасци кои може да ги најдете во десниот дел на оваа страница (Проектна документација).
    За време на аплицирањето треба да биде земено предвид дека еден апликант може да поднесе еден предлог-проект по јавен повик. Апликацискиот пакет се состои од:
    1. Проектна документација:

    • Проектна апликација;
    • Буџет на проектот;
    • Финансиска проекција;
    • Изјава на подносителот на предлог-проектот (за прифаќање на условите на Фондот); и
    • Прашалник за животната средина.

    2. Документација поврзана со апликантот:

    • Кратки биографии на главните лица ангажирани во проектот (најмногу за пет лица);
    • Извод од тековна состојба од Централниот регистар на Република Македонија, не постар од 6 месеци;
    • Финансиски извештаи за претходната година издадени од Централниот регистар на Република Македонија, освен за новоосновано претпријатие;
    • Финансиски извештаи за претходната и за тековната година, освен за новоосновано претпријатие.

    Проектната апликација, Буџетот на проектот и Финансиската проекција треба да бидат пополнети на македонски и на англиски јазик. Кратките биографии на клучните луѓе на проектот треба да бидат на англиски јазик. Документацијата поврзана со апликантите треба да биде на македонски јазик.

    Пред пополнување на обрасците, ве молиме внимателно прочитајте го во целосниот текст на повикот кој содржи детално објаснување на условите за аплицирање, сите потребни формулари за аплицирање, како и критериумите за оцена на предлог-проектите.

    Уредно пополнетите обрасци заедно со придружните документи се доставуваат по пошта (во печатена верзија со прилог документација зачувана на цеде) или по електронска пошта на следните адреси:

    • Електронска адреса: povik@fitr.mk

    • Поштенска адреса:

    Бул. Гоце Делчев бб
    зграда на МРТ, 20-ти кат
    1000 Скопје

    • Лична достава до 16:00 часот 21.10.2015 година (среда)

    За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог-проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок (датумот на праќање по пошта ќе се смета како датумот на нивно поднесување, што ќе биде докажано со поштенскиот печат или со потврдата за прием од брза пошта).