Нашата организација
Фондот за иновации и технолошки развој е основан во декември 2013 година, со цел поттикнување на иновациите, преку обезбедување дополнителни извори за финансирање на иновациите, заради потребата да се изгради конкурентна економија основана на знаење.


Организациската структура на Фондот за иновации и технолошки развој ги опфаќа следните организациски единици:
- Директор
- Сектор за програмски активности
- Одделение за подготовка на програми
- Одделение за спроведување на програми
- Сектор за општи и правни работи и финансии
- Одделение за правни работи, јавни набавки и архива
- Одделение за финансии и сметководство
Органи на управување на Фондот се: Управен одбор, Комитет за одобрување на инвестиции и Директор.
Владата на Република Северна Македонија ги именува членовите на управните органи и директорот.
Управниот одбор го сочинуваат:
- Г-ца Моника Младеновиќ
- Г-дин Бранко Ничота
- Г-дин Пиштар Лутфиу
- Г-ѓа Фатљлуме Реџа-Лусњани

Kомитет за одобрување на инвестиции
Комитетот за одобрување на инвестиции го сочинуваат 5 членови, кои се избрани и именувани од Владата на Република Северна Македонија. Комитетот ги разгледува и ги одобрува предлог-проектите доставени до него за сите инструменти за поддршка на Фондот. Членовите на Комитетот се избираат од редот на експерти со најмалку десетгодишно меѓународно искуство во областа на инвестициите во иновациската дејност.

Марвин Лиао
Претседател на КОИ
Марвин Лиао бил извршен директор во „Yahoo!“ повеќе од една деценија. Тој е поранешен партнер на „500 Startups“ и Бизнис Ангел со над 19 години искуство во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи.
Марвин инвестирал во 500 стартапи од 2014 година, водејќи акселераторска програма во Сан Франциско, како и инвеститор во директни иницијални зделки. „500 Startups“ е една од најактивните фирми со ризичен капитал во светот, со мисија да ги открие и врати најталентираните претприемачи во светот, да им помогне да создадат успешни компании во обем и да градат просперитетни глобални екосистеми. „500 Startups“ поддржува стартапи преку нивните акселераторски програми за инвестирање насочени кон дигиталниот маркетинг, зголемување на корисничкото портфолио, олеснувачки стартап практики и прибирањето средства за компании пред нивниот зачеток.

Дон Луис
Повеќе од 25 години, Дон Луис им нуди можност на илјадници студенти да стекнат претприемничко образование, преку предавања, тренинг и менторство на студенти-претприемачи на Универзитетот Тексас A&M.
Дон Луис е дел од Универзитетот Тексас А&М почнувајќи од 1999 година и предава на катедрата за Менаџмент, а потоа и на катедрата за Маркетинг на Мејс Бизнис Школата.
Луис има стекнато високо образование од областа на менаџмент и MBA од областа на информатичка технологија на Меѓународен Универзитет А&M во Тексас. Неговите професионални области на интерес вклучуваат области од маркетинг, претприемничко и образование за мал бизнис и обезбедување на студентите со меѓународни деловни можности.

Ашер Сидики
Ашер Сидики има над 20 години искуство во корпоративен развој, со реализирани зделки вредни околу 8 милијарди американски долари. Тој бил дел од „500 Startups“ во САД но и дел од менаџерскиот тим кој ја водеше трансформацијата на „Етисалат“ во ОАЕ. Ашер својата кариера ја започнал како претприемач во Велика Британија и САД кон крајот на 90-тите.
Етисалат претставува светска водечка телекомуникациска група во земјите во развој, нудејќи услуги и решенија на повеќе од 141 милиони корисници во 15 земји од Блискиот исток, Азија и Африка. Рангиранa e како „The most valuable portfolio brand“ на Блискиот исток и Северна Африка (МЕНА) од страна на Brand Finance.

Гунтер Фелингер
Гунтер Фелингер од 2018 година е генерален Секретар на CEE BC – Австрија. Последните 28 години, патува и придонесува за трансформација на бизнис секторот во Централна и Источна Европа и одлично ги познаваа економиите и предизвиците на младите претприемачи и нови бизниси во регионот. Гунтер по 11 години живеење во Албанија, Црна Гора и Косово, од 2016 година е позициониран во Киев.
Биографијата на Фелингер вбројува и работење во Business Europe и позиција на Генерален Секретар на SME Union од 2000 до 2004 година. Тој има учествувано во различни ЕУ проекти како експерт за европска политика за мали и средни претпријатија, економски реформи и стратегија за пристапување кон ЕУ и локален развој на Албанија, Косово, Украина. Исто така, 4 години има работено на промоција на странски директни инвестиции во Албанија. Фелингер е Претседател на реформаторската политика на мрежата European Tax Reform и член на Управен Одбор на балканската мрежа Бенелукс за економска интеграција на Јужен Балкан.

Инес Капс
Инес Капс има повеќе од 22 години искуство во областа на менаџмент консалтинг, водејќи го тимот во двете консултантски фирми: KPMG и сопствена компанија passion2practice GmbH во Швајцарија. Таа е позната по реализација на глобални мултимилионски проекти за дигитална трансформација во фармацевтската и инженерската индустрија. Капс е исто така сериски претприемач и тренер за почетници.
Денес, Инес им помага на консултантски фирми со средна големина преку нејзината програма за тренери за акцелератори, со цел да се зголеми бројот на жени во водечки и партнерски улоги.
Инес има завршено МБА на Henley Management School во Велика Британија, магистер по деловна стратегија на ESC Rennes во Франција и магистер по бизнис иновации и претприемништво на University of Klagenfurt, во Австралија.