ДФИТР Фестим Халили оствари средба со заменик амбасадорот на Швајцарската амбасада во земјава, Лусиен Аегертер

На средбата беше нотирана досегашната успешна соработка, особено во делот на поддршка на различните програми реализирани од страна на ФИТР, а беа дискутирани и можностите за продлабочување на соработката во полето на унапредување и модернизација на работењето на компаниите поддржани од Фондот, поврзување на домашните со Швајцарските истражувачки центри и други активности кои директно ќе придонесат за подобрување на домашната бизнис клима.